Хемија-Комерц на саемот за градежништво Скопје 2012
Хемија-Комерц ќе се престави со свој штанд како изложувач на Сaeмот зa грaдeжништвo, грaдeжни мaтeриjaли и грaдeжнa мeхaнизaциja во Скопје во периодот од 06.03.2012 - 10.03.2012. Оваа година Хемија-Комерц покрај својата производна програма на декоративни керамички производи ќе ги промовира и порцеланските садови за домаќинство како и производите за печење храна. Воедно Хемија-Комерц ќе го претстави новиот производ кој е промовиран и реализиран во соработка со Жито Вардар, Велес. Се работи за свежа и традиционално приготвена раванија со неколку вкусови, печена во керамички сад од Хемија-Комерц. Заедно со раванијата го добивате и керамичкиот сад. Предностите на овој вид на пакување се многу. Како прво се работи за керамички производ кој е најхигиенски и најбезбеден за здравјето на луѓето во споредба со пластичната амбалажа. Глазурите се испитани и се сертифицирани според строги европски стандарди за храна: EN 13130-1:2004 Directive 84/500/EEC. Друга предност на оваа амбалажа е што е со трајна вредност односно самите купувачи можат да ја користат понатаму за своите домашни потреби како сад за овошје, сад за печење и други потреби по желба. Овој начин на пакување на производите во Европа се практикува веќе долги години. Се надеваме дека со овој проект ќе ја разбудиме свеста кај македонскиот народ за предностите и квалитетот на керамичката амбалажа кои ги добивате за многу пристапна цена.
РАВАНИЈА ВО КЕРАМИЧКИ САД МОЖЕТЕ ДА НАЈДЕТЕ ВО СКОПЈЕ ВО МАРКЕТИТЕ НА “РЕПТИЛ“ И “ЗУР“.
ВО ВЕЛЕС ВО СИТЕ ПРОДАВНИЦИ НА ЖИТО-ВАРДАР.
ВЕ ПОКАНУВАМЕ ДА БИДЕТЕ НАШИ ЦЕНЕТИ ГОСТИ НА САЕМОТ ВО ХАЛА БР.1(Metropolis Arena)
