Велешкиот порцелан го кутна кинескиот џин
Велешката фабрика за порцелан „Хемија-комерц“ му се спротивставува на големиот индустриски џин Kина и му зеде големо парче од пазарот на Балканот. Нејзините производи ги има во соседството, но најмногу во Грција и во Kипар. Од фабриката може да се пофалат дека се единствени во Македонија и на Балканот кои произведуваат порцелан. Рецептот како му се спротивставија на напливот од кинески порцелан, во „Хемија-комерц“ не е тајна што ја кријат како со шеесетина работници дојдоа до вакви резултати.
- Одговорот е многу едноставен и лесен. Имаме подобри цени од Kинезите. Таа е далеку од нас со илјадници километри, што ќе рече дека времето за транспорт оттаму до Македонија е долго, потоа тие н` условуваат со набавка на големи количини. Ние им нудиме на купувачите да дојдат и да одлучат сами што, како и колку сакаат, каков ќе биде дизајнот и во која потребна количина, што брзо ќе биде реализирано и доставено до крајниот потрошувач - вели Владимир Трајковски, одговорен за продажба
Дознајте повеќе на следниот линк: http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=734137F39797FE48AA5D762CE7E20B47
