Βρίσκεστε εδώ: Home Νέα

Награда за најбрзо растечка мала производна компанија во 2009 година

     Хемија-комерц од Велес е добитник на специјалната награда на Министерството за економија за најбрзорастечка мала производна компанија во земјава во конкуренција на 218 микро и мали фирми. Според статистичката анализа, овие 218 фирми од 2006 до 2008 година го зголемиле бројот на вработените од 1.400 на 3.072 лица, приходите им пораснале речиси за два и пол пати, а значителни резултати забележале и во инвестирањето. Велешката компанијата која се занимава со дизајнирање и производство на керамички плочки, според нејзиниот основач, Трајче Трајков, пред 19 години стартувала скромно, но со добро менаџирање ја достигнала сегашната позиција.

 

2009-12-22